ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пеколот допрва почнува - Македонија од утре во жолта фаза

 

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне во западните делови ќе има  локален  развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 32 до 37 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне ќе има услови за краткотрајна и локална нестаболност со пороен дожд и ретки грмежи.

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.
На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.

 
 
13.07.2016 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега