МВР: Македонците не се пожелни гости во Грција

Македонското Министерство завнатрешни работи се сомнева дека серијата случаи во кои настрадаа возила и регистерски табличкина македонскидржавјани кај јужниот сосед не се случајни. 
Во изјава за Press24 од полицијата велат дека Македонците по се изгледа не се пожелни гости во Грција.

„Има премногу случаи за да претпоставиме дека е случајно. Друга карактеристика е што на нашите гранични премини кон Грција, немаме регистрирано оштетено возило со таблички од која било друга држава. Тоа доволно говори дека македонските државјани за некого не се пожелни гости во Грција“ - вели портпаролот на МВР Иво Котевски за Press24 прашан за мотивите за уништувањето на возилата. 

Сите досегашни случаи полицијата ги регистрира и процесуира до МНР, а потоа Министерството за надворешни работи е она кое испраќа реакција. Во МВР не знаат дали за некој од пријавените случаи било превземено нешто од страна на грчките власти. 

„Досега немаме повратна информација дали воопшто некој случај бил расчистен но за да нема простор за сомнеж, апелираме нашите државјани, секој ваков инцидент даго пријавуваат во Грција. За жал кај нас граѓаните мора повторно да се изложуваат на финансиски трошоци и процедури за вадење на нови таблички“ - вели Котевски.

Од почетокт на летово триесетина возила на македонски државјани беа оштетни или останаа без регистарски таблички во туристичките места кај јужниот сосед. Според неофицијалните информации на Press24 во изминатото деноноќие се регистрирани нови случаи. Македонците најчесто се жртви во туристичките места, Полихроно и Ханиоти

27.07.2013 - 11:58

најчитано сега