Тодоров: Доктори специјалисти од приватните клиники се враќаат во јавното здравство

45 доктори од приватните клиники во Македонија ќе се вратат во јавното здравство, обелодени денеска македонскиот министер за здравство, Никола Тодоров.

На огласот од Министерството за здравство  за превземање лекари специјалисти од приватно во јавно здравство, се пријавиле 103 доктори специјалисти.

-Бенефитот од оваа мерка е токму тоа што се вработува готов кадар, специјалисти кои што имаат искуство и знаење и веднаш може да се вклучат во редовната работа на здравствените установи, истакна ресорниот министер Никола Тодоров.

Вториот оглас ќе биде објавен во вторник.

ФОТО: Вис