Германскиот Црвен крст со помош за Дневниот центар за деца со посебни потреби

Преставници на Регионалната организација од Баденвирберг од Црвениот крст на Германија заедно со нивни колеги од Црвениот крст на Македонија денеска го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби во Дебар.

Од страна на раководството на Центарот и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Назиф Беќири беа запознати со работата и проблемите со кои се соочуваат, но искажаа благодарност за досегашната соработка и помош што ја добиваат.

Освен дидактички средства и други помагала, како и помошта за уредување на дворот на оваа установа, генералниот секретар на Регионална организација на Црвен крст од Баденвирберг, Ханс Хајнц вети продолжување на соработката со македонскиот Црвен крст, а во тие рамки и помош за Дебарскиот центар.

- И во иднина во рамки на можностите ќе продолжи помошта зашто што сме свесни дека со ова правиме голема и значајна работа за овие деца. Го слушнав и проблемот со немањето превоз за децата, затоа  ќе вложиме максимални напори да обезбедиме возило за центарот со цел овој проблем да биде надминат, истакна Хајнц.

Според директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, во Дневниот центар моментално се згрижени седум деца со посебни потреби, но во дебарскиот регион има многу повеќе вакви деца и затоа е потребно да се реши статусот на четирите ангажирани лица и проблемот со превозот со што повеќе деца би биле згрижени.

ФОТО: Засе.мк