Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на 
индустриски производи, вкупно, во мај годинава се повисоки за еден процент на месечно ниво, а на годишно се пониски за 3,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во мај споредено со април годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен за 2,2 процента, во „преработувачка индустрија“ за еден процент, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,3 процента.

Во мај годинава, во однос на мај лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење на камен“ за 1,7 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 3,6 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се повисоки за 0,9 проценти. 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во мај годинава се повисоки за 1,1 процент на месечно ниво, а се пониски за 7,2 процента на годишно ниво.

Во мај годинава, во споредба со април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 3,5 проценти во секторот „рударство и вадење на камен“, а во секторот „преработувачка индустрија за 0,9 проценти“.

Во однос на мај лани, во мај оваа година продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот „рударство и вадење на камен“ за 7,1 процент, а во секторот „преработувачка индустрија“ за 7,2 процента.

 
 
15.07.2016 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега