Сочувство од ДОМ за терористичкиот напад во Ница

Демократската обнова на Македонија (ДОМ), по повод терористичкиот напад во Ница упати телеграма со сочувство до француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер. 

- Членовите на ДОМ, како и целата јавност во Македонија, со голема вознемиреност и згрозеност ја примија веста за синоќешниот крвав настан во Ница. Длабоко жалиме за несреќата што се случи во Вашата земја и за невините жртви од овој грозоморен терористички акт. Упатуваме длабоко сочувство до францускиот народ и до семејствата на загинатите и искрено се надеваме дека Франција во овие тешки моменти ќе најде начини да се справи со мрачните сили на тероризмот и дека нема да бидеме сведоци на други вакви и слични сурови настани, стои во телеграмата од ДОМ.

Крвавиот акт во Ница, како што се наведува, уште еднаш укажува дека меѓународната заедница се соочува со постојана закана од страна на терористите и оти и натаму приоритет треба да биде заштитата на човечкиот живот.

- Заради тоа е неопходна широка координација и соработка на сите земји во светот врз принципите на солидарност, толеранција и превенција од насилство, стои во телеграмата од ДОМ. 

 
 
15.07.2016 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега