Рокади во ВМРО-ДПМНЕ: Кирил Божиновски веќе не е Генерален секретар на партијата

На денешната редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран нов состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ поради истекот  на двегодишниот  мандат на актуелните членови на ова партиско тело.

Исто така беше констатиран и истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар г-дин Кирил Божиновски кој по негово лично барање ја ослободи оваа партиска функција  останувајќи и понатаму на позицијата генерален секретар на Владата на РМ и член на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ освен дел од личностите од претходниот состав ќе членуваат и личности кои досега не биле дел од ова партиско тело. Целта на оваа одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а донесена по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски  е континуирано освежување и носење на нов кадровски потенцијал кој ќе овозможи   додатна енергија за работа и напредок.

Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се:

Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се: Љупчо Трпевски, Благоја Деспотовски Ташко, Никола Бакрачевски, Зоран Илиовски, Никола Поповски, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, Владимир Пешевски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Антонио Милошовски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков, Владимир Ѓорчев, Коце Трајановски, Зоран Горгиевски, Ашим Зекировски и Момчило Аврамовски.

 

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој по функција е член и на Извршниот комитет  е избран Емил Димитриев.

 

Во составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат по функција и претседателот на Унијата на млади сили и Претседателката на  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

27.07.2013 - 20:57

најчитано сега