ФОТО: Запознајте ја 17 годишната Емилија - ќе јава на коњ до Крушево

Рано утрово, осум коњаници, жители на светиниколското село Немањици, петта година по ред со јавање на коњи на марш долг 200 километри, од нивното село до Крушево го одбележуваат денот на Илинденското востание, јави Канал 5.

Меѓу овчеполските комити, се најде и 17-годишната Емилија Јованчева.

- Ми беше задоволство, чест, но и предизвик да се качам на коњ и да докажам дека не само машките, но и ние жените и девојките можеме да се справиме со тоа да четири дена на седло поминеме 200 киломтери и рамо до рамо со машките да отидеме до Крушево, децидна е светиниколчанката, Емилија Јованчева .

 

За да пристигнат навреме на Втори август на местото на македонскиот непокор – Мечкин камен, потребни им се четири дена.

27.07.2013 - 21:18