Македонците најмногу сакаат Орбит - најпродаван македонски бренд е Битолски Јогурт

Околу 59 % од Македонци се изјасниле дека најмногу сакаат да купуваат мастики “орбит”. Од домашните производи најмногу купуваат производи од Битолската млекарница и тоа јогурт кој е на шестото, а трајното млеко на десеттото место. Овие производи ги купуваат 44, односно 34% од корисниците, јавува Економски

Од хигиенските производи, најмногу се купуваат “колгејт” и тоалетната хартија “перфекс”. Кога бираат масло за јадење, Македонците се одлучуваат за своето, “брилијант”, кој е трет најкористен бренд во државата. На второто место на листата на најкористени брендови во Македонија е мајонезот “полимарк”. Во нашата држава се цени чоколадото, но не домашното, туку “милка”, која е на седмото место, како и “кока-кола”, која е на претпоследното, деветто место.

На прво место кај Србите и Хрватите е маслото за јадење и тоа домашното – во Србија “дијамант”, а во Хрватска “звијезда”. Словенците пак, најмногу го користат својот зачин “маестро” кој го ставиле на првото место. Тие исто така ја ценат и хрватската “вегета” која е на седмото место. На листата на најкористените брендови во Словенија исто така е и “милка” чоколадата.

И Србите како нас многу ги сакаат “орбит” гумите за џвакање и ги ставаат на второто место, давајќи му предност на зејтинот. На нивниот список исто така ги има пастите за заби и четкичките “колгејт”, тоалетната хартија “перфекс”, но има и чипс, сладоледи, замрзнат зеленчук. Од млеката преферираат “имлек”, кое е на осмото место.
Во Хрватска најкористени брендови по хрватското масло за јадење доаѓа хрватскиот зачин “вегета”, зад кој доаѓа уште еден домашен производ – мајонезот “звијезда”. На оваа листа за разлика од тие на останатите држави најдоминантни се домашните брендови. На неа ги има газираната вода “јамница”, паштетите на Гавриловиќ, напитокот “цедевита”.

Скалата на најмногу користени брендови во Македонија е составена врз основа на анкетирање на 2.119 лица на возраст од 10 до 64 години.

27.07.2013 - 22:49

најчитано сега