Соседите потресени: Откриено како настанал пожарот кој однесе скопјанец во смрт
46-годишниот Дарко Живковски е скопјанецот кој беше пронајден јагленосан во селото Бразда. Како што дознава Дневник, тој живеел сам во куќата на своите родители, а пожарот кој ја изгоре куќата и за жал го однел во смрт, бил предизвикан најверојатно од свеќа.
Во Бразда сеуште се чувствувал мирис на изгорено. Наспроти куќата каде се случи трагедијата има продавница, каде тој често навраќал.
- Дарко не беше женет, живееше сам и беше многу добар човек. Купуваше свеќи за да не живее во мрак. Живееше скромно, но не се жалеше, вели негов сосед за Дневник.
Дождот кој устурал таа вечер спречил пожарот да ја пепелоса цела куќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа