Нова цена на горивата во Македонија
По сите немири и напади кои го потресоа светот, ситуацијата се одрази и на нафтата и нејзината цена. Аналитичарите истакнуваат дека ситуацијата е нестабилна, а според американската агенција за нафта, цената на нафтата пораснала за седум центи, на 46,02 долари по барел.
Нафтата последните месеци осцилираше помеѓу 44 и 52 долари по барел, откако во февруари годинава падна на најниско ниво.
Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, бензините поевтинија за 1,5 односно 2 денари по литар, додека дизелот е поевтин за половина денар. Оваа одлука беше донесена на 11 јули.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 2,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалија за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Нова корекција на цените на бензините е закажана за денеска. Останува да видиме дали според новата одлука ќе возиме поскап или поевтин бензин во екот на одморите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа