СДСМ ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски и СДСМ имаат визија за Куманово

Неискрените политики и неискрениот однос кон граѓаните на Општина Куманово од страна на  ВМРО-ДПМНЕ нема крај.

 Сакаме јавно да Ви поставиме неколку прашања:

 Зошто односот на министерствата на ВМРО-ДПМНЕ кон Општина Куманово е крајно игнорантски и реваншистички, особено на Министерството за финансии?

Дали граѓаните на Куманово ги чувствувате како Ваши и дали се уште не можете да се освестите од поразот на локалните избори во Куманово?

Објаснете им на кумановчани со какви пресуди се задолжува општината за предмети постари од 30 години и како се манипулира со цената на водата.

 Зоран Дамјановски и СДСМ имаат визија за Куманово, Зоран Дамјановски заедно со граѓаните на Куманово трипати по ред го победуваат ВМРО-ДПМНЕ.

 Ве повикуваме по повод 2-ри август, да дојдете на пуштањето во употреба на неколку инфраструктурни објекти, со цел да се уверите дека Зоран Дамјановски има визија за својот град.

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

најчитано сега