Нема крај на несреќите низ Македонија - момче итно пренесено на скопските клиники

Страшна несреќа се случила вчера  околу 03.15 часот на регионалниот пат Куманово-село Лојане,  во несреќата учествувал 22-годишниот В. И.од кумановското село Лојане, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со кумановски регистарски ознаки кој изгубил контрола над истото и излетал од патот. 

Како што информираат од полицицијата, во незгодата В.И. и сопатникот 19-годишниот Ј.З. од с.Лојане, се здобиле со тешки телесни повреди. Во општата болница Куманово им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите В.И. бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 

 
 
28.07.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега