Викендов времето стабилно, потоа следува невреме
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе достигне до 34 степени.
За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник попладне и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
29.07.2016 - 17:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа