Автомобили, станови, автобуси, цистерни - ѕирнете што се продава денеска во УЈП

Денеска во Управата за јавни приходи од 11 до 13 часот ќе се одржи аукција на која ќе се продаваат два станови, три автомобили, цистерни, автобуси, шанк-столчиња, кафемати, ледомати, фрижидери, гарнитури и други предмети кои се запленети од фирми кои не го платиле навреме данокот, пренесува Вечер. Некои од предметите кои денеска ќе се продаваат во УЈП, прв пат се ставени на аукција, додека некои се нудат и преку 30 пати.

Според огласот, на аукција се ставени два стана на улица „Козара” во Скопје. Едниот од нив е со површина од 51 квадратни метри и се нуди со почетна цена од 2,4 милиони денари (39.500 евра). Другиор стан, пак, е со површина од 33 квадратни метри и неговата почетна цена е 1,6 милиони денари (26.000 евра). Автомобил „Фиат пунто” од 2002 и „Сеат” од 2003 година исто така се ставени на аукцијата. И за двата автомобили почетната цена е 102.000 денари (1.660 евра).На аукцијата ќе се продава и автомобил „Пежо” од 2008 година чија вредност е проценета на 663.000 денари (11.000 евра). Два автобуси марка ТАМ, за кои УЈП нема ставено почетна цена, се ставени на продажба.

На денешната аукција, по 19. пат ќе се продава и томограф од 3.060 килограми за кого минималната понудена цена од 2,5 милиони денари (41.000 евра). Се продаваат и ракавици, јакни, елеци за вода, греалки, кациги, масажери, столчиња на расклопување, автоделови за возила и други предмети. Денеска, по 34. пат, ќе се продаваат 15 влекачи „Сканиа” и четири цистерни за превоз на плин, кои биле запленети од даночен обврзник од Богданци.

За учество на јавното наддавање мора да се уплати депозит од 10% од проценетата вредност на предметот. Доколку не биде прифатена понудата, депозитот им се враќа на заинтересираните. 

Извор: Вечер

најчитано сега