Се испокарале и испотепале на улица во Крива Паланка

 

Г.С.(28), О.С.(31), Д.С.(36), О.П.(29) и С.П.(23), сите од Крива Паланка си заработија кривични пријави откако на 11-ти овој месец учествувале во крвава тепачка.

Според информациите од МВР, Г.С. и О.П. се скарале додека се возеле со автомобили низ Крива Паланка. Тие ја стартувале расправијата, а останатите кривопаланчани се приклучиле и почнале да си разменуваат тупаници. Најдебелиот крај од крвавата тепачка го извлекол О.С. кој завршил со скршена рака. 

 

најчитано сега