Предложен притвор за осомничените за сообраќајката во Удово во која загина пар

Основното јавно обвинителство – Гевгелија започна постапка против две лица осомничени за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово.

Надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави Предлог за определување мерка-притвор во траење од осум дена за 46-годишниот Д.С., државјанин на Србија, додека за 60-годишниот Ѓ.В., македонски државјанин, се предложени други мерки за претпазливост.

Двајцата осомничени се сослушани од страна на надлежен обвинител, а со анализа на доказите треба да се утврди точната одговорност за предизвикување на сообраќајната несреќа.​

 
 
04.08.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега