Охрид ќе го поправа својот имиџ „Скапо, а неквалитетно“

Охрид ќе го поправа лошиот имиџ „Скапо, а неквалитетно“. Економскиот совет кој денеска расправаше на оваа тема донесе заклучок дека охридските угостители треба да бидат љубезни и да го познаваат англискиот јазик, пренесува Канал 5. Советот, пренесува Канал 5, смета дека за да се привлечат и домашни и странски туристи треба и да се намалат цените и да се понуди поквалитетна услуга во охридските ресторани, хотели и кафе барови.

- Јас сметам дека има простор за намалување на цените кои што во иднина ќе создадат повеќе услови за привлекување на што повеќе гости и не само домашни туку и странски туристи, изјавил охридскиот градоначалник  Никола Бакрачески, пренесува Канал 5.

Угостителите ќе се запознаат со овие препораки на локалната самоуправа и од нив ќе се бара да најдат начин да ја подобрат услугата а да ги намалат цените.

најчитано сега