Македонија донира: Собрани 5.000.000 денари преку телефонскиот број 143-400

Пет милиони денари се собрани за 48 часа преку телефонскиот број за донации 143-400 за поплавеното население по силното невреме кое го зафати Скопје.

Александра Ристевски од Црвениот крст за Курир информира дека досега собрани се 5,5 тони вода и доставена е храна за 10.000 лица. Таа додава дека голем број компании обезбедуваат разни донации, а дел од нив имаат обезбедени и волонтери кои ќе му помогнат на населението во справување со последиците.

Се очекува Црвениот крст наскоро да излезе со официјално соопштение во кое ќе биде наведен и износот дониран преку жиро сметките.

 

 
 
08.08.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега