И во Скопје Сити Мол пункт за помош на настраданите во поплавите

Од денеска во 15 часот во Скопје Сити Мол ќе биде поставен пункт за собирање помош за настраданите во поплавите кои викендов го зафатија нашиот град и во кои загинаа над 20 граѓани.

Пунктот ќе работи до 22 часот, а од утре и останатите денови ќе функционира секој ден од 10 до 22 часот.

Листата на потребни работи содржи конзервирана храна, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, алати.

Пунктот ќе биде лоциран на самиот влез од страната на ул. „Манапо“ односно Карпош 3.

Од Скопје Сити Мол во соопштението исто така посочуваат на бројот 143 400, на кој може да се донира 100 денари.

 
 
08.08.2016 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега