Спасов во Стајковци: Целта е системски да се пристапи и да се обезбеди координирано расчистување на дворовите и на куќите
Со полна пареа работи механизацијата за расчистување на теренот во најпогодените реони од големото невреме што го зафати скопскиот регион во саботата. Во Сингелиќ, Стајковци, Арачиново, Црешево и Инџиково механизацијата работи под полна пареа.
Со пумпи се празнат подруми и дворови, а со багери се расчистува огромниот нанос. Покрај војската, полицијата и работниците од јавните претпријатија на помош се јавија и голем број на волонтери кои со автобуси организирано се носат на кризните локации за расчистување и пребарување на теренот.
На терен и денеска се премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но и голем број други претставници на Владата.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, вели дека во текот на денов ќе се расчистуваат локалните патчиња и дворовите на поплавените граѓани.
-Во моментот има околу 100 припадници на АРМ, исто така има околу 120 сезонски работници и поголем број на волонтери кои што се пристигнати во Стајковци. Само што заврши распределувањето по населени места и по улици, планот е системски да се пристапи од куќа во куќа и да се обезбеди координирано расчистување на дворовите и на куќите. Во исто време пристигнуваат и поголеми количини на вода, исто така и над 1.000 оброци за жителите на Стајковци, рече министерот Спасов во изјава за Канал 5.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа