Карaванот „Македонија вработува 2“ стигна во Струмица

 

 Карaванот „Македонија вработува 2“ синоќа стигна во Струмица. Во централното градско подрачје беше поставен штанд на кој претставниците од Агенцијата за вработување делеа флаери и промотивен материјал. Од струмичката единица на АВРМ велат дека со првиот проект се вработиле 1.700 лица, а со „Македонија вработува 2“ досега 28.

- Со првиот проект вработени се 1.700 лица што е огромна бројка и може да кажеме дека е наш успех бидејќи се должи на спроведените директни контакти кои ги имавме и со работодавачите, но и со невработените лица. Досега со проектот „Македонија вработува 2“ имајќи предвид и дека сме во период на летни одмори, имаме добиено 20 апликации од исто толку правни лица, а вработени се 28 граѓани, објасни Павлина Ѓоргиева, раководител на АВРМ, Струмица.

Проектот „Македонија вработува 2“ почна во јули годинава и ќе трае една година. Со новиот пакет мерки се очекуваат 20.000 нови вработувања со намалени трошоци за работодавачите, а со тоа и решавање на егзистенцијалното прашање на илјадници граѓани кои го чекаат своето прво вработување, објаснуваат надлежните очекувајќи дека со него дополнително ќе се стимулира развојот на бизнисот, а со тоа и економијата во државата.

Првиот пакет „Македонија вработува“ според информациите на Mинистерството за труд и социјална политика, кои овозможуваа поволности за компаниите како ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за секој нов вработен во рамки на проектот овозможиле 10.140 компании да вработат 19.000 лица за само една година. 

 
 
11.08.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега