СДСМ: Власта не го решава проблемот со комисијата за да избегне одговорност за 24. декември

-Од сите манипулации од страна на ВМРО-ДПМНЕ околу работата на комисијата за 24 декември јасно е едно - дека власта сака да ја избегне одговорноста за инцидентите во Собранието, истакна денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат вината да ја најдат на друга страна па затоа не го решаваат проблемот што се појави со повлекувањето на Давитковски. 

-СДСМ направи се, покажа политичка волја, испочитува `се од мартовскиот договор, се врати во Собранието, предложи свои кандидати во Комисијата кои активно учествуваа во нејзината работа. СДСМ не може да ги преземе и одговорностите на власта и ВМРО-ДПМНЕ. Да требало Комисијата да работи без претседател таа ќе почнеше со работа уште на 16 март, а не на 11 јуни кога беше постигнат договор за претседателот на Комисијата, рече Спасовски.

Од СДСМ, посочи денеска Спасовски, бараат од власта да го испочитува договорот од 1 март, направен во присуство на дипломатите од Брисел кои го следат целиот случај.

-Вистинскиот демант власта го доби од Брисел, директно од комесарот Филе, кој на министрите Бесими и Поповски им порача дека Анкетната комисија треба да продолжи со својата работа за да усвои наоди и препораки. Значи Комисијата мора да констатира што се случило и дали одредбите на Уставот и законите се прекршени, рече Спасовски.

 

 

најчитано сега