АМСМ: Поради невремето се пренасочува сообраќајот од патот Кичево-Охрид

Поради обилни врнежи од дожд сообраќајот на магистралниот пат Кичево - Охрид кај Млинот се пренасочува по регионалниот пат кон М.Брод

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

 
 
19.08.2016 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега