Толку од сонцето - еве какво време не очекува

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови. 

 
 
20.08.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега