Гостиварчанец злоставувал 4-годишно девојче
Шеесет и четири годишниот Д.В. од Гостивар во четвртокот извршил полов напад врз четиригодишно девојче. Случајот во полициската станица во гостивар го пријавил таткото на девојчето. Д.В. го извршил нападот на тој начин што откако го повикал девојчето во неговиот дом да го види аквариумот кој го поседувал, и рекол да му седне во скут, по што извршил полови дејствија врз девојчето. Во тој момент девојчето било повикано од страна на родителите, по што ја напуштила куќата. Од страна на ЈО на Д.В. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во КПУ-Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа