Ди Каприо и неговата девојка доживеале сообраќајна несреќа

Познатиот актер Леонардо ди Каприо и неговата девојка, моделот Нина Агдал, синоќа имале сообраќајна несреќа во елитното гратче Хемптон. За среќа во инцидентот никој не е повреден.

Како што јави порталот „Page six“, Лео и Нина се возеле во автомобил позајмен од пријател од актерот. По удар со друг автомобил, популарниот актер веднаш излегол од автомобилот да провери дали има повредени. Итната помош бргу стигнала на местот на несреќата, но само за да заклучи дека нема посериозно повредени.

 
 
22.08.2016 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега