Колач со газоза и вишни - ова не се пропушта

Пандишпан: Се мешаат сувите состојки, ги додаваме газозата и маслото. Состојката ја ставаме на намачкано тавче со масло и ставаме да се печена 180 степени, 15 минути.

Оставаме да се излади, потоа со дрвена лажица правиме дупчиња во кои ќе ги ставиме вишните (без семки).

Прелив: На тивок оган се изедначуваат состојките за да се добие убава чоколадна смеса.

Од преливот се става во секое дупче пред и после вишните, а со остатокот ја преливаме целата торта која потоа ја сечеме на коцки и ја оставаме во ладилник за добро да се излади.

Пандишпан

♦ 300 гр. брашно

♦ 100 гр. мелени бисквити

♦ 200 гр. шеќер

♦ 2 пакетчиња ванилин шеќер

♦ 2 лажици какао

♦ 1 лажичка сода бикарбона

♦ 500 мл. газоза

♦ 125 мл. масло

Прелив

♦ 40 (+-) свежи вишни

♦ 200 гр. шеќер во прав

♦ 50 гр. маргарин

♦ 4 лажици вода

♦ 2 лажици какао

♦ 1 пакетче ванилин шеќер

 

 

 

 
 
22.08.2016 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега