Починал на лице место: Полицијата со детали за смртта на младиот Коста
Околу 05 часот и 30 минути во Полицијата во Неготино било пријавено дека на местото „Прждевски лаки“, на автопатот Гевгелија-Скопје, бил пронајден починат 25-годишниот К.С. од Кавадарци. Младото момче движејќи се со својот мотор по автопатот изгубило контрола и излетало надвор од коловозот, по што удрило во еден од статичните столбови и починало на местото на настанот.
Увид извршила екипа од полцијата во Неготино.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Инаку, К.С. на 21 во 18.20 часот беше пријавен за исчезнат.
23.08.2016 - 13:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа