Вонредно прскање против комарци во поплавените места

 

 Градот Скопје ги известува граѓаните дека во сабота, во периодот од 23 до 02 часот по полноќ ќе се спроведе вонредна терестрична (од земја) дезинсекција против комарци на територијата зафатена со поплавата што се случи на 6 август годинава, односно во населените местаСмилковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто.

 Градот Скопје ќе ја изврши вонредната терестрична дезинсекција постапувајки по барањето од Министерството за здравство, а во согласност со заклучокот од 59-та седница на Владата на Република Македонија.

 
 
25.08.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега