Попладнево уште една трагедија во Македонија: Загина пешак

 

Во сообраќајна несреќа попладнево загина пешак кај кавадаречко Возарци, потврдуваат од МВР.

Околу 14 часот на пат кон селото Возарци, на мостот на реката Црна, од страна на патничко моторно возило бил прегазен Н.С. од селото Дреново. 57-годишниот пешак починал на лице место, соопштија од МВР.

Увидот на лице место е во тек.

 
 
27.08.2016 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега