Скопје: Влегол со нож во такси и го ограбил возачот
Му се заканил со нож и го ограбил. Тежок бил вчерашниот ден зад воланот за 42 годишниот скопски таксист. Околу 13:30 часот, патникот кој го превезувал на задното седиште во својот автомобил во близина на населбата Ќерамидница извадил нож и заканувајќи му се му ги побарал сите пари. Таксистот му дал 12.000 денари по што разбојникот побегнал.
Полицијата трага по него.
29.08.2016 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа