И смртта не успеа да ги раздели - починаа заедно во прегратка

Љубовта навистина е убава, а дека постои онаа вистинската ќе ви потврди и приказната за брачната двојка која ја доживеа 75. годишнина од бркот.

Приказната која го расплка светот можеби нема среќен крај, но ја враќа вербата во љубовта!

Жанет и Александр Точко се редок пример на двојка која се држела до брачниот завет, додека смртта не е раздели. А кај нив случајот беше буквално раков, бидејќи се забавувале од својата осма година. Верниот сопруг до крајот на животот во паричникот ја носел црно-белата фотографија од својата сопруга и тоа од дестството.

Двајцата се родени 1919 година во Конектикат, како деца на полски емигранти. Иако биле заедно од детството, се венчале во 1940 година, а Александер набрзо заминал во војна. Неговата драга верно го чекала, а тој се вратил жив и здрав.

Потоа одлучил да се пресели во Њујорк и да се занимава со маркетинг, а Жанет го следела. Подоцна се преселиле повторно во Сан Диего, каде тој отворил фотографско студио, а таа му била главен стилист. Не само што живееле туку и создале семејство заедно, и животот им поминал во заедништво, без да се разделуваат.

Како што велат нивните деца, оваа дојка цел живот имале вистинска љубовна врска, еден со друг.

-Срцата им чукаа како едно. Од моите најрани сеќавања беше така, вели ќерката Ејми.

Меѓутоа годините го направија своето. Александер бил пасиониран голфер и еден ден го повредил колкот. Паднал во кревет и здравјето брзо почнало да му се влошува. За да не ги раздвојуваат, болничарите креветот го донеле во нивната куќа и го оставиле да лежи покрај својата жена.

Како што тој слабеел, така и таа почнала да тоне. Неодамна прашала кој ден е, а децата и рекле дека е јуни. Прашала дали е 29. јуни, зошто тоа е денот на годишнината на нивниот брак, и тогаш и рекле дека навистина е, иако се уште не бил тој датум.

И така тие двајца смртта ја доживеале на својата 75.годишнина од бракот, а со тоа им е исполнета последната желба. Биле опкружени со цвеќиња, балони и вистинска славеничка атмосфера, мислејќи дека е 29 јуни.

-Им честитавме, а мајка ми беше толку среќна, зошто знаеше дека тој заминува, но ја дочекал нивната 75. годишнина од бракот, вели синот.

Александер починал неколку дена подоцна, на 17. јуни. Отишол онака како што отсекогаш сакал, во рацете на жената.

-Умре во нејзината прегратка, токму како што посакуваше. Мајка ми го прегрна и му рече: Гледаш, тоа го сакаше. Ми умре на раце, те сакам. Те сакам и чекај ме, брзо ќе дојда, вели ќерката која со нив била во собата во тој момент.

Како и секогаш го следела мажот до крај. Починала следниот ден...

 
 
29.08.2016 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега