МНР ќе упати протестна нота до Грција за тортурата врз македонските туристи

Македонија ќе упати протестна нота на Грција за тортурата што ја прави врз македонските туристи, соопшти денеска Канал 5.

Македонското Министерство за надворешни работи бара Грција веднаш да прекине со националистичката реторика која кулминираше минатата неделана Меџитлија и Богородица, и бара од грчките власти веднаш да прекинат со навредите, заканите и речникот на омраза врз Македонците кои патуваат во Грција.

Инаку, реакцијата на македонското МНР доаѓа откако приврзаниците на Златна зора на граничните премини пречекуваа македонските туристи извикувајќи дека Македонија е грчка.

Извор: Канал 5