Ова се најпознатите секс скандали во политиката

Постојат работи кои светските политичари никако не сакаат да излезат пред очите на јавноста. Тука пред се кога станува збор за приватниот живот се секс скандалите. Последен во низата е скандалот со десната рака на Хилари Клинтон, Хума Абедин која се разведува од својот сопруг поради ваков скандал.

Ова се најголемите секс скандали на светските политички лидери:

 

1. Николас Саркози и Карла Бруни

Тогаш разведениот Саркози направи преседан кога призна дека е во врска со славната манекенка.

2. Бил Клинтон и Моника Левински

Поранешниот претседател на САД, сопруг на сегашната кандидатка за истата функција, Хилари Клинтон, имаше афера со приправничката во Белата куќа, а таа своевремено го обвинуваше дека и барал оргии.

3. Владимир Путин и Алина Кабајева

Се шпекулира дека челичниот претседател на Русија паднал на шармот на 30 години помладата гимнастичарка.

4. Франсоа Оланд и Џули Гаје

Францускиот претседател е фатен како со веспа оди во станот на француската актерка Џули Гаје.

 

 
 
31.08.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега