Подгответе го вашето дете за првиот училиштен ден

Еве што можете да направите за да го претворите почетокот на образованието на вашето дете во позитивно искуство:

1. Прилагодете му го распоредот за спиење на смените на училиште. 

- Ваша задача е да го привикнете детето на новиот распоред на спиење, барем една седмица пред да го слушне првото училишно ѕвонче.

2. Посетете го училиштето заедно.

- Прошетајте се до училиштето, влезете во училиштниот двор и доколку е можно, однесете го да ја посети својата училница. Така ќе се чувствува порелаксирано на првиот училиштен ден.

3. Смирено објаснете му што ќе се случува првиот ден. 

- Објаснете му дека првиот ден ќе запознае многу другарчиња и дека ќе треба да се претстави пред нив. Кажете му дека учителката ќе му помогне ако нешто му е потребно, а дека вие ќе го чекате пред училиштето кога ќе излезе од него.

4. Читајте му книги или текстови за првиот училиштен ден. 

- Изберете книги каде секоја училишна активност е опишана на позитивен начин

5. Научете го како да склопува пријателства. 

- Вежбајте со него како да стекне повеќе пријатели во училишните клупи.

6. Посочете му со кои други деца ќе оди на училиште. 

- Ако сте во можност, поканете ги идните соученици на вашето дете во вашиот дом и дајте им можност да се запознаат подобро.

7. Купете го заедно потребниот училиштен прибор, но гледајте тој да му биде забавен. 

- За време на купувањето, одете заедно и дозволете му тоа само да си ги избере потребните предмети за на училиште.

8. Ако вашето дете знае да пишува, нека си ги потпише своите тетратки. 

- Доколку вашето дете умее да си го напише името, неколку дена пред стартот на учебната година дајте му да ги потпише сите тетратки.

9. Научете го на основните училишни правила. 

- Кажете му дека треба да одржува тишина сè додека учителката не му каже дека може да зборува, дека со подигање на раката треба да побара дозвола за одење во тоалет или за зборување, дека треба да биде пријателски настроено кон останатите деца итн.

 

 
 
31.08.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега