Ким Кардашијан: Имам псоријаза и повеќе не ја кријам

Прв пат болеста и се појавила пред 11 години.

35 годишната Ким Кардашијан 11 години се бори со псоријазата. Највидлива е на десната нога, но и се појавува по целото тело. Нејзината мајка Крис Џенер  ја добила истата болест на возраст од 30-тина години. Неодамна Ким обелодени дека, со оглед на тоа што сите знаат за псоријазата, а таа не може ништо да стори против болеста, повеќе нема ни да се обидува да ја сокрие.

kim kardasijan 1

– Секој што има псоријаза има различни симптоми. Некогаш тоа е чешање а некогаш само суви делови на кожата. јас се надевам на лек но во меѓувреме се научив да ја прифатам мојата состојба – вели Ким Кардашијан.

Таа се обидува да ја држи псоријазата под контрола со инјекции со кортизон, и иста маст со која се мачка секоја вечер.

kim kardasijan 2
Додека се фотографира, Ким вели дека ја објаснува својата состојба пред тимот.

– Имам псоријаза, не можам ништо да сторам во врска со тоа и нема причина зошто да се чувствувам непријатно. Се обидувам да се почувствувам подобро, да се ослободам од несигурностите кои ги носам пред снимањето, и да се надевам дека никој нема да се фокусира на моите црвени дамки – вели Ким Кардашијан.

 
 
01.09.2016 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега