Нечевска-Цветановска: Зградите се проектирани да го издржат скопскиот земјотрес

 

Проф. д-р Голупка Нечевска-Цветановска, заменик директор на ИЗИИС, која има повеќе од 35 години искуство од областа на оценка на повредливоста на објектите, односно сеизмичка заштита на зградите, вели дека немало опасност од земјотресите што го зафатија Скопје, затоа што зградите се проектирани да го издржат катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

- „Низ моите раце имаат поминато можеби 80% од објектите во Скопје, како проекти во Институтот. Кога дојдов на работа во ’78 година, во тој период имаше уредба од Град Скопје, каде што сѐ што се градеше на територијата на Скопје, бидејќи беше блиску до земјотресот од ’63, мораше да помине на верификација и додатна динамичка анализа за да се види каква е неговата стабилност, на сите објекти што се правеа во Град Скопје“, изјави Нечевска-Цветановска.

„Верификацијата колку објектите можат да издржат, мораа да се проектираат да го издржат скопскиот земјотрес. Ако знам дека може оваа зграда да го издржи скопскиот земјотрес, оваа 5-ка не може да ѝ направи ништо. Треба да се тргнеме да не дојде до повреда од секундарни оштетувања, меѓутоа зградата ќе остане каде што е“, додаде Нечевска-Цветановска.

 
 
13.09.2016 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега