Сител: Руска и израелска помош за поплавените

Хуманитарната помош од 40 тони, мобилни дизелни и бензиски генератори,специјални пумпи и пумпна опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо од Руската Федерација за поплавените денеска беше предадена на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

Освен Русија,денес помош подели и Израел во вид на градежна опрема. Амбасадорот на Израел , потенцираше дека главната помош од Израел е во донесените експерти во полето на управувањето и менаџирањето со водите . Нивната цел тука е да дадат совет се со цел последиците од поплавите кои се случија да не се повторат.

Од Црвениот Крст на Македонија инфомираат дека денес се префрлени финансиски средства на 3.515 семејства зафатени од поплавите,  согласно добиените финални списоци од надлежните институции со податоци на лицата погодени од катастрофата. На 194 семејства чии податоци имаат одредени недостатоци, веднаш по корегирањето на истите ќе им бидат префрлени парите.

 
 
19.09.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега