Денови на македонскиот мед

Од утре до недела во Скопје ќе се одржат Деновите на македонскиот мед што ги организира пчеларското здружение „Матица“.

На штандови поставени на улицата „Македонија“ ќе бидат изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите ќе можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.

Повеќе информации за годинашниот фестивал на медот ќе бидат презентирани денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија. 

Фестивалот на медот се одржува 12-та година по ред.

 
 
21.09.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега