Температурен шок: Временска за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Најмногу дожд вчера имало во Претор и тоа 7, 5 Маврово, 4 Пожаране, Охрид, 3 Крушево, Тополчани, 2 Битола, 1 Струмица, Берово, Прилеп, Тетово, Ѓуриште, Лазарополе и Пожар.

 Од утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со посвежи утра, особено на повисоките места и на планините. Максималната температура ќе има тенденција на благо покачување.

 

 
 
22.09.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега