Од понеделник учениците од Хром на настава во новото училиште

Новоизграденото основно училиште „Димитрар Поп Георгиев –Беровски“ во населба Хром денеска беше пуштено во употреба. Станува збор за инвестиција од 30 милиони денари. Учениците веќе од понеделник  ќе започнат со настава  во комплетно нов и современ објект изграден според сите стандарди.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека со изградбата на  ова училиште е исполнето уште едно ветување кое им било дадено на граѓаните.

Тој посочи дека изградбата на училиштето била завршена за 14 месеци и веќе учениците нема да имаат потреба да патуваат до Централно основно училиште „Димитрар Поп Георгиев –Беровски“.

-Навистина сум многу задоволен и среќен што се обезбедуваат услови за сите ученици од ова населено место. Ќе се избегне потребата учениците да учат во други објекти и да бидат транспортирани со автобуски превоз до друго училиште што е на неколку километри од локацијата во која живеат, рече Ристовски.

Ова неселено место имало неопходна потреба од ново основно училиште со тоа што се повеќе се зголемува бројот на нови брачни парови и бројот на новородени деца.

-Објектот е направен по сите стандарди, а запазени се и стандардите за ученици со посебни потреби, рече Ристовски.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски истакна дека новоизграденото училиште за сега ќе биде петолетка, но инвестирањето нема тука да застане и во иднина тоа ќе прерасне во деветолетка.

 
 
23.09.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега