Исчезнаа двајца малолетници од Скопје

 

Во 17 часот и 30 минути во Полицијата во Чаир, вработена во „Дом 25-ти Мај“, пријавила дека на 20 месецов околу 14  часот, 14 годишен малолетник се оддалечил од Домот во непознат правец.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во 15 часот во Полицијата во Гази Баба, вработена како социјален работник во „Ранка Милановиќ“, пријавила дека на 16 месецов во 14 часот, 17 годишна штитеничка, самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец.

Причината за оддалечувањето е непозната.

СВР-Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицата.

 
 
24.09.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега