Излетал од пат и удрил во метален столб - страшна несреќа во Македонија
Пет минути по полноќ во Штип на улицата „Гоце Делчев“, наспроти „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода во која возило „Шкода Фабија“ на 42-годишниот Б.К. од Штип, излетало надвор од коловозот и удрило во метален столб за улично осветлување, по што слетало покрај патот. Со возило на Итна помош возачот бил пренесен во во Клиничка Болница - Штип каде му била констатирана фрактура на черепот, а поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички Центар – Скопје.
Увид на лице место е извршен.
24.09.2016 - 12:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа