Поранешен новинар е жртвата на страшната железничка несреќа во Македонија

 

Страшна железничка несреќа вчера ја потресе Македонија. Возот кој сообраќа на релацијата Битола-Скопје, удри во такси возило, а од силината на ударот возилото било влечено 300 метри по шините. За жал, возачот починал на лице место.

Се работи за 56-годишниот Гоце К. кој бил поранешен дописник на Нова Македонија и Утрински Весник, кој во последните десетина години работел како таксист.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

 

 
 
25.09.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега