Какви ќе бидат новите цени на горивата?

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, дел од горивата поевтинија, додека дел се продаваат по иста цена.

Така, еуросупер од 98 октани и екстра лесното масло за домаќинство се со пониски цени за половина денар, додека цената на еуросупер од 95 октани и на еуродизелот остана иста.

Согласно одлуката на регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на еуросупер од 98 октани сега изнесува 63,50 денари по литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство 36,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот се намали за 0,213 денари по килограм.

Ова се цените кои важат сега:

Останува да видиме какви ќе бидат новите цени на горивата кои ќе бидат донесени наредниот вторник, на 4 октомври.

 

 
 
25.09.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега