На 2 Август ДЈ Ник Капа во Аква Паркот во Пробиштип

За прв пат, на местото кое се тресе од забави секој викенд, европскиот хитмејкер ДЈ Ник Капа!

На 2ри Август, Аква Парк- Пробиштип и овој пат нуди забава за паметење и како веќе докажана екипа за реализација на одлични журки и овој петок очекуваме позитивен хаос заедно со ДЈ Ник Капа.

ДЈ Ник Капа, познат како ЛетниотДЈ поради песните кои ги пласира секое лето и истите стануваат европски хитови, овој викенд ќе биде во Македонија!

Тој за неговото гостување вели: “Се радувам што добив покана од две места покрај вода овој викенд! J Едвај чекам да се сретнеме во Пробиштип во Петок(2ри) покрај базен, па потоа се гледаме во Охрид, во Сабота(3ти) покрај езеро! И на двете места ќе грмиме јако!

  Инаку, ДЈ Ник Капа по Пробиштип, патува за Охрид каде на 3ти(сабота) ќе биде дел од журката на Градиште(2ра плажа) заедно со Слаткаристика, Газда Паја, Токсиколози и други.

 

  Аква Парк- Пробиштип овој петок Ве очекува со ДЈ Ник Капа и неговата “Summer in love”!

01.08.2013 - 16:12

најчитано сега