Од 1 октомври забрана за пуштање и на српска музика во Македонија

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори – СОКОЈ, им забрани јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територијата на Република Македонија.

„Забраната стапува на сила почнувајќи од 01.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на СОКОЈ, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет“, стои восоопштението на ЗАМП.

„Како што стои во известувањето на СОКОЈ, причините за донесување на одлуката за забрана за користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената дозвола од Министерството за култура на РМ на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела, споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок.“

ЗАМП, исто така, потсетува дека од 20 септември стапи во сила забраната за емитување на авторски музички дела по пат радиодифузно емитување од репортоарот на ЗАМП.

 

 
 
28.09.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега