Честитка од Вељаноски: Да создаваме вредности и дела од траен карактер

Собранискиот спикер, Трајко Вељаноски го честита денешниот празник.

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, дозволете ми од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех и просперитет.

            Сакам да истакнам дека со одбележување на овој ден се афирмира идентитетот и културата на Бошњаците во Македонија која е постоечка заедница во нашето општество, и ги претставува добрите односи кои ги негуваат Македонците и останатите етнички заедници. Овој празник нека ни биде постојан потсетник дека е потребно континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на граѓаните од различна етничка и верска определеност, како и на почитување на моралните и духовни вредности.         

             Нашите заложби како граѓани на Република Македонија се да продолжиме со промоцијата на недискриминација и да создаваме дела и вредности од траен карактер. Тоа ќе бидат наши заеднички придобивки кон патот за подобра иднина и услови за подобар и поквалитетен живот во Република Македонија.

 

            Нека ви е честит празникот.

 

 
 
28.09.2016 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега