Полицијата упадна во кафеана во Тетово
Во периодот од полноќ до 01 часот во селото Боговиње, тетовско, во угостителски објект, при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово, затекнати биле четири девојки од Албанија кои во моментот ги забавувале гостите со играње и пеење.
Во објектот бил затекнат и еден музичар, исто така, албански државјанин. По утврдување на нивниот идентитет било констатирано дека се работи за лицата Ѓ.И. (27), Л.К. (26), М.Е. (21), Ч.Ј. (26) и Л.Ф. (37).
Наведените лица се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.
При акциската контрола, А.Л. (44) од с.Боговиње ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените задачи. Поради тоа истиот е приведен и задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа